Дома Фудбал Пред натпреварот против Јувентус му почина 5-годишната ќерка

Пред натпреварот против Јувентус му почина 5-годишната ќерка

Игнатиус Ганаго, напаѓачот на француски Нант ќе го пропушти утрешниот 1/16 финален натпревар на неговиот тим во Лигата на Европа поради семејна трагедија.

Ганаго на само два дена пред неговиот 24-роденден останал без 5-годишната ќерка која починала. Веднаш кога дознал дека девојчето е болно, тој се упатил за Камерун, меѓутоа за жал девојчето починало пред да пристигне.

Тажната вест ја потврди францускиот клуб.

„Со длабока жал соопштуваме за смртта на ќерката на нашиот напаѓач Игнатиус Ганаго. Нашите мисли се со тебе во ова тешкои искшение“, порачаа од францускиот клуб.

Голем број клубови од Франција му изрзија сочувство на Ганаго кој запиша и 11 настапи за камерунска репрезентација, но не беше дел од Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…