Французинот уште еднаш ја покажа својата скромност
Само неколку недели пред почетокот на Мундијалот во Русија, репрезентативецот на Франција и фудбалер на Челзи, Н’Голо Канте доживеал семејна трагедија поради смртта на неговиот постар брат Ниами.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа информација, Н’Голо Канте ја криеше од јавноста, а со случајот единствено ги запознал своите соиграчи и селекторот, Дидиер Дешамп.
Дури ниту оваа тешка трагедија не го спречи да одигра фантастичен турнир и да им помогне на Триколорите да се закитат со светскиот трофеј, а 27-годишниот Французин се најде во идеалниот тим на Мундијалот.
Трофејот на светскиот шампионат го посвети на починатиот брат.
Колку сака да ја претставува својата земја и колкав професионалец е доволно зборува и фактот дека го играше финалето, иако беше болен, па тоа е единствена причина зошто селекторот Дешамп го извади од игра во второто полувреме.
За жал, ова не е прва трагедија која споменатиот фудбалер на Челзи ја преживеал, бидејќи тој и неговото семејство останаа без татко кој починал додека Канте се уште бил млад.