Дома Фудбал Италија Пред една година беше на продажба, а сега добива нов договор со клазула од – 550 милиони евра!

Пред една година беше на продажба, а сега добива нов договор со клазула од – 550 милиони евра!

brozovic

До пред една година сакаа да го продадат, а сега имаат намера во договорот да му вметнат огромна откупна клазула.

Марсело Брозовиќ не беше омилен помеѓу навивачите на Интер, дури се шпекулираше и дека ќе го напушти клубот во текот на зимата, Интер бараше 30 милиони евра, но заинтересираните клубови не сакаа да ја платат таа сума.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, како што одминуваше времето Брозовиќ играше се подобро и на Мундијалот беше одличен, таквата форма ја пренесе и во Интер.

Сега ситуација е целосно променета. Италијанските медиуми пишуваат дека во тек се преговорите за нов договор и дека Интер му нуди покачување на 3.5 милиони евра по сезона. Во овој момент Брозовиќ добива еден помалку.

Во Англија од каде што најголем интерес покажа Тотенхем би можел да заработува повеќе, „петлите“ според најавите би можеле да испратат понуда од 50 милиони евра, но сега Интер не сака ниту да слушне.

Колку сега Интер го цени Брозовиќ говори и најавата дека „нероѕурите“ сакаат во новиот договор на Брозовиќ да вметнат откупна клазула во износ од – 550 милиони евра! Се додава и дека оваа клуба би важела само за клубовите надвор од Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…