Некогашниот претседател на Барселона и натаму го памети предавството на Португалецот.
Нејмар по се судејќи ја заврши сезоната по тешката повреда против Марсеј пред неколку дена. А со оглед на тоа дека се уште се актуелни шпекулациите дека на лето би можел да премине во Реал Мадрид, можеби средбата против Марсеј беше последна за Нејмар во дресот на ПСЖ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, кога се работи за Нејмар и потенцијалниот трансфер во Реал исклучиво се работи за гласини и медиумски нагаѓања, додека конкретни „докази“ и натаму нема.
Како што се наведува, Нејмар веќе некое време е несреќен во ПСЖ и се пофрустриран поради недостаток на конкуренција во француската Лига 1, па по само една година откако ја напушти Барселона, би можел да го напушти „Паркот на принцовите“.
Беше тоа еден од ретките случаи некогашен фудбалер на Барселона да го облече дресот на Реал Мадрид, па ваков трансфер сигурни би предизвикал доста контроверзии, иако не би се работело за директен премин од едниот во другиот клуб.
Со оглед на тоа дека се работи за играч од „голем калибар“ многумина Нејмаровиот потенцијален трансфер во Реал го споредија со оној на легендарниот Португалец, Луис Фиго.
Имено, на Фиго навивачите на Барселона никогаш нема да му простат што во 2000. година во еден од најконтроверзните трансфери на сите времиња, го напушто „Камп Ноу“ и премина на „Сантијаго Бернабеу“.
Сепак, некогашниот претседател на Барселона, Јоан Гаспарт смета дека случаите на Нејмар и Фиго не можат да се споредат.
„Нејмаровиот потенцијален трансфер во Реал не може да се спореди со оној на Фиго. Фиго не напушти издајнички и не ни остави простор да ја обновиме екипата. Тој е кукавица која не издаде. Нејмар замина поради пари и точка“, јасен беше Гаспарт во разговор за шпанска Марка.