Дома Фудбал Англија Преговорите меѓу Маунт и Челзи во ќорсокак

Преговорите меѓу Маунт и Челзи во ќорсокак

Преговорите помеѓу Челзи и Мејсон Маунт за продолжување на договорот се во застој, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двете страни долго време водат преговори, но без особен прогрес, бидејќи никој не сака да отстапи од своите позиции.

24-годишниот играч за врска, кој две години по ред беше избран за најдобар играч на Челзи, е еден од најмалку платените фудбалери на „Стенфорд Бриџ“.

Тој настојува на значително зголемување на платата како неговите колеги од репрезентацијата, односно 200.000 фунти неделно.

Челзи му нуди 7-годишен договор, но со помала плата од онаа која ја бара Маунт во моментов, па двете страни се далеку од договор. Ситуацијата будно ја следат Манчестер Јунајтед и Ливерпул, кои се силно заинтересирани за Англичанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Винисиус направил естетска операција, навивачите се шокирани од новиот изглед (Видео)

По завршувањето на Светското фудбалско првенство и поразот на Бразил од Норвешка, Винисиус…