Дома Фудбал Италија Преговорите започнале: Бизнисмен од Молдавија може да стане газда на Милан!

Преговорите започнале: Бизнисмен од Молдавија може да стане газда на Милан!

Mилан сезонава игра одлично, иако во последно време „росонерите“ малку паднаа во формата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, и понатаму не може да се каже дека Скудетото им е недостижно. Ќе потсетиме, нивна главна цел пред почетокот на сезоната беше тимот на да се врати во Лигата на шампионите и тоа е речиси обезбедено.

Сега во италијанските медиуми се најавува дека тимот може да добие нов сопственик и тоа бизнисменот од Молдавија, Александар Јуцов. Адвокатскиот тим на Јуцов објави дека тие добиле дозвола да започнат преговори со Инвестициониот фонд „Елиот“ за превземање на клкубот.

„Фондот ВЛТ е голем економски капацитет кој се занимава со обновливи извори на енергија, инфраструктура, технологија и спорт. Повеќе детали ќе бидат објавени наскоро ако господиот Јуцов се договори со „Елиот“ за купување на Милан“, стои во соопштението на неговиот адвокатски тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси не планира да запре по рекордите: Сакам да играм и на следното Светско првенство!

Лионел Меси се врати во репрезентацијата за настап на тековното Светско првенство, откако …