Играчот за врска на Јувентус, Миралем Пјаниќ би можел да направи трансфер на кариерата, бидејќи шпанските медиуми пренесуваат дека за него силен интерес покажува Реал Мадрид.
„Кралскиот“ клуб оваа сезона игра под сите очекувања, а претседателот Флорентино Перез е спремен да направи комплетна револуција на тимот следната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дон Балон“ тврди дека Пјаниќ е една од главните трансфер мети на „кралскиот“ клуб и дека наводно Реал веќе стапил во контакт со агентите на 27-годишниот плејмејкер.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е спремен да го пушти Пјаниќ, но само доколку Реал Мадрид во спротивен правец го испрати Тони Крос. Наводно „кралевите“ се спремни да ја прифатат таа опција бидејќи во Пјаниќ гледаат замена за Германецот.
Пјаниќ игра уште една одлична сезона во дресот на „старата дама“ и оваа сезона постигна 4 гола и запиша осум асистенции на 24 натпревари.