Дома Топ вести Преговорите започнаа: ПСЖ ја купува ѕвездата на Милан

Преговорите започнаа: ПСЖ ја купува ѕвездата на Милан

Играчот за врска на Милан, Лукас Пакета во јануари би можел да се пресели во ПСЖ, откриваат италијанските медиуми.

Леонардо ова лето од Милан премина во ПСЖ и повторно е спортски директор на францускиот првак, па сака да го донесе својот сонародник во Париз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пакета во јануари беше донесен во Милан за 35 милиони евра и уште на првите натпревари за „росонерите“ покажа дека има квалитет и дека ќе биде голем играч.

Меѓутоа оваа сезона се вклупи во „сивилото“ на Милан,  па во последно време се пресели на клупата за резерви и самиот е спремен да ја промени средината.

Еминентниот „Екип“ пренесува дека Леонардо веќе започнал преговори со „росонерите“ и е спремен да понуди 45 милиони евра за потписот на Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…