Дома Фудбал Англија Преговорите започнаа, Конте спремен да го преземе Манчестер Јунајтед

Преговорите започнаа, Конте спремен да го преземе Манчестер Јунајтед

Италијанскиот стратег Антонио Конте е спремен да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед доколку клубот реши да му врачи отказ на тренерот Оле Гунер Солскјер, пренесува „Гардијан“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Извори блиски до клубот пренесуваат дека преговорите веќе започнале и дека Конте во преговорите ќе побара да има поголема контрола врз трансферите во клубот.

Тој има сомнеж во извршните структури во клубот и може да дојде до конфронтација со Ед Вудворд, кој ја одредува трансферната политика во клубот.

Солскјер е пред отказ после срамниот пораз од Ливерпул (0:5) и голема е веројатноста да биде отпуштен во наредните денови. Конте е фаворит за негов заменик, а на списокот е уште и Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи не сака да му плаќа на Лукаку 12 милиони евра годишно, еве каде може да продолжи напаѓачот

Ромелу Лукаку би можел да го напушти Наполи, додека се појавуваат гласини за САД како него…