Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Маркус Рашфорд за нов договор се во напредна фаза и се очекува играчот во наредните денови и официјално да стави потпис на нов договор.
Рашфорд со новиот договор ќе се обврзи на верност кон „црвените ѓаволи“ во наредните шест години, а ќе добива 200.000 фунти неделна плата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Актуелниот договор на Рашфорд со Манчестер Јунајтед истекува во 2020 година, но клубот има опција автоматски да го продолжи договорот на уште една година.
Дододека Жозе Мурињо беше на кормилото на „црвените ѓаволи“ медиумите на Островот тврдеа дека Рашфорд не е задоволен од својотс статус и е спремен да го напушти „Олд Трафорд“.
Меѓутоа, со доаѓањето на Оле Гунер Солскјер работите комплетно се променија и 21-годишниот напаѓач постигна 8 гола на 15 натпревари. Сличен беше и случајот со Антони Марсијал кој беше спремен да го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи не беше задоволен со својот статус во тимот, но Солскјер го убеди да остане и неодамна потпиша нов договор со „црвените ѓаволи“.
Интерес за Рашфорд покажуваат неколку европски гиганти, пред се Реал Мадрид, кој беше спремен да го искористи неговото незадоволство и да го донесе на „Олд Трафорд“. Меѓутоа, младиот Англичанец наскоро ќе стави крај на сите шпекулации и ќе потпише нов, шестгодишен договор со Манчестер Јунајтед.
https://youtu.be/PJ_R1Msm5NM