Изгледа дека повеќе нема дилеми, Џанлука Ди Марцио, како и најголемите англиски медиуми потврдуваат дека Манчестер Сити добива нов скап дефанзивец.
Како што се дознава,од Атлетик Билбао ќе го облече дресот на клубот од „Итихад“ за сума од 57 милиони фунти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај тоа се наведува дека 23 годишниот фудбалер со Манчестер Сити ќе потпише договор на пет години, а во Манчестер се очекува да пристигне во понеделник или вторник.
Емерик Лапортe за Атлетик Билбао дебитираше во 2012 година и од тој момент собра скоро 200 настапи за клубот од Баскија. Гвардиола во овој фудбалер гледа решение на долги патеки.