Дома Фудбал Англија Прв пораз за Солскјер во Премиер лигата: Арсенал го победи Јунајтед и сега е четврти! (ВИДЕО)

Прв пораз за Солскјер во Премиер лигата: Арсенал го победи Јунајтед и сега е четврти! (ВИДЕО)

30-тото коло во Премиер лигата денес ни го донесе големото дерби на Островот помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед после кое се радуваа „топџиите“.

Низата на Солскјер во Премиер лигата без пораз денес заврши, Арсенал им го нанесе првиот пораз на „црвените ѓаволи“ откако на клупата е Оле Гунар Солскјер. Арсенал на „Емирати“ денес славеше со 2:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот започна отворено, Ромелу Лукаку имаше прилика да го доведе Манчестер Јунајтед во водство во почетните минути, но Белгиецот од непосредна близина ја погоди пречката.

Арсенал до предност стигна во 12-тата минута кога Гранит Џака со еден удар од далечина го измами невнимателниот Де Геа кој во оваа ситуација имаше погрешна проценка. Манчестер Јунајтед играше добро и после примениот гол и одново ја погодија рамката од голот на Лено.

Првите 45 минути така завршија со предност од 1:0 на Арсенал,.

Во второто полувреме гледавме нешто помирна игра. Арсенал во 69-тата минута доби пенал кој Пјер Емерик Обамејанг го претвори во гол за водство од 2:0, резултат кој се покажа и како конечен.

После оваа победа на Арсенал трката за четвртата позиција во Премиер лигата станува супер интересна. На тоа посакувано четврто место после оваа победа е Арсенал со два бода предност пред Манчестер Јунајтед, додека Челзи е зад „ѓаволите“ со еден бод заостанување.

Тотенхем кој до пред некое време изгледаше како сигурно да ја има обезбедено Лигата на шампионите повеќе не е сигурен бидејќи разликата помеѓу Челзи (шестопласиран) и Тотенхем (третопласиран) е само четири бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…