УЕФА го откажа денешниот натпревар од Лигата на Нации помеѓу Романија и Норвешка кој требаше да се игра во Букурешт.
Причината за откажување е коронавирусот кој се појави во норвешката репрезентација. Ова е прв натпревар од Лигата Нации откажан поради коронавирус. Позитивен на тестирањето бил Омар Елбаделаоуи кој игра за Гаталатасарај. Поради тоа здравствените власти и збранија на репрезентацијата да патува во Романија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Норвешкиот фудбалски сојуз така беше приморан да ги прифати правилата според кои сите кои биле во контакт со лице со позитивен тест мора да одат во изолација.
Минатата недела Норвешка не можеше да игра пријателски натпревар со Израел затоа што еден од противничките играчи беше позитивен.