Голема прашина, може да се каже скандал, предизвика тоа што Лев воопшто го смести помеѓу патниците на Мундијалот место Лерој Сане, а сега после само еден одигра на натпревар повторно се пишува за него и не по добро.
Јулијан Бренд, одличниот офанзивец на Баер Леверкузен дојде на СП како една од мадите ѕвезди на светскиот шампион кој во Русија ќе ја брани титулата. Но првиот натпревар во кој Бренд ги одигра последните пет минути заврши со пораз на Германија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сцената која разулти голем дел од германската јавност се случи по натпреварот кога играчите се упатуваа кон тунелот.
После натпреварот кој Германија го загуби со 0:1 Мексик, младата ѕвезда си направи насмеано селфи со фановите, а неговиот таков потег предизвика многу контроверзии.
Бренд стигна и да се одбрани.
„Тргнав кон тунелот, тогаш детето од трибината ме повика. Во тој момент не размислував, само сакав да му исполнам желбата. Го земав неговиот телефон и направивме селфи“
Во Германија мислењата се поделени, едни сметаат дека таквото однесување е непристојно, други пак го оправдуваат со зборовите дека исполнил желба на еден млад фан кој тој момент ќе го памети вечно.
Bild blaming Julian Brandt for taking a selfie and smiling with young fans directly after the #MEX defeat. pic.twitter.com/pIMJdUqZCs
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) June 17, 2018