Дома Македонски спорт Мак фудбал Први испуштени бодови: Младинците ремизираа против Казахстан (ФОТО+ВИДЕО)

Први испуштени бодови: Младинците ремизираа против Казахстан (ФОТО+ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија до 21 година не ја оправда фаворитската улога и одигра 1:1 против Казахстан.

Младинцитe одлично ги започнаа квалификациите со две победи во исто толку натпревари, но сепак денес Казахстан извлече бод.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скоро во текот на целиот натпревар избраниците на Милевски беа подобар противник на теренот. Во првото полувреме од самиот почеток создававме прилики за погодок и тој стигна во 20-тата минута преку Милан Ристовски.

Имавме уште неколку одлични прилики да постигнеме гол, меѓутоа не ги искористивме.

Во вториот дел Казахстан го поткрена нивото на игра, но не создаваа некои посериозни прилики.

Така беше се до 75-тата минута кога Омиртаев после еден центаршут ја погоди нашата мрежа.

После ова реми Македонија ќе остане прва со седум бода со три одиграни натпревари, Казахстан има исто седум меѓутоа со два натпревари повеќе, следи Шпанија со шест бода од два натпревари, па Израел три бода (еден натпревар), Црна Гора три бода (четири натпревари) и Фарски Острови е без бодови после три одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…