Дома Останати Кошарка Првиот натпревар од нокаут фазата донесе голема драма: Франција преку продолжение до четвртфинале!

Првиот натпревар од нокаут фазата донесе голема драма: Франција преку продолжение до четвртфинале!

Кошаркарите на Франција после голема драма се пласираа во четвртфиналето на Евробаскетот откако ја победија Турција со резултат 87:86.

Првата четвртина помина во знакот на Французите. Турците на почетокот заостануваа, а слично беше и во втората четвртина, се до пред крајот на првото полувреме.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тогаш Франција ја зголеми предноста. Имаа плус 16, но Турција сепак успеа да го намали заостанувањето и да се врати во игра. На полувремето бееш 43:35 за Франција. Имаше Франција двоцифрена преднсот на почетокот на третата четвртина, меѓутоа тогаш Турција направи целосен пресврт и поведе со осум разлика (57:49).

Во последната четвртина резултатот беше тесен. Турција имаше +4, меѓутоа се заврши со 77:77. Французите во продолжението успеаа да ја добијат драмата во своја корист.

Руди Гоберт беше главен играч на Франција со 20 поени и 17 скокови, додека Хеуртел со Фурние додадоа по 13. Кај Турција Тунчер уфрли 22 поени, а Коркмаз 18. Двоцифрен број на поени постигнаа уште Санли (12) и Осман (11).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…