Дома Македонски спорт Мак фудбал Прва победа за Шкупи во евроквалификациите: Отвори Маркоски, Рвтубаје во последните секунди стави точка!

Прва победа за Шкупи во евроквалификациите: Отвори Маркоски, Рвтубаје во последните секунди стави точка!

Тимот на Шкупи вечерва го oдигра натпреварот од првото коло во Конференциската лига против косковскиот Лапи и стигна до минимален триумф.

Шкупи како фаворит влезе во натпреварот меѓутоа на теренот иако Шкупи победи може да се каже дека гледавме еден скоро изедначен дуел.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На Арената „Тодор Проески“ од почетокот гледавме еден мирен натпревар со малку прилики за гол. Првата посериозна закана ја имаше Шкупи после половина час игра и тоа беше закана после еден изведен корнер.

Во еден таков натпревар без шанси Шкупи до водство стигна во 36. минута кога Кире Маркоски искористи една грешка во одбраната на гостите и го совлада голманот Чориќ.

И во остатоткот од полувремето гледавме иста слика на теренот, се играше во главно на теренот, а Шкупи имаше и закана преку Матеј Цветановски кој во 43. минута шутираше од работ на шеснаесетникот, меѓутоа неговиот удар одеше онаму каде што беше поставен чуварот на мрежата на Лапи.

Играта не се промени многу и во вторите 45 минути во најголемиот дел од натпревар се играше на средината од теренот, двете екипи создадоа по некоја полу шанса, па голманите немаа многу работа.

Вториот гол на Шкупи дојде по еден прекршок во последните моменти од натпреварот Aлварез испрати одличен центаршут, а Рвтубаје одлично со глави погоди за конечни 2:0.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…