Дома Македонски спорт По 42 години, Калински оди во пензија: „Вие ме водевте драги гледачи“ (видео)

По 42 години, Калински оди во пензија: „Вие ме водевте драги гледачи“ (видео)

Со посебно чувство ги одработувам овие последни мигови, после 42 години работа во Македонската телевизија, ова се последните слики од една долга професионална трка, беа зборовите со кои легендарниот спортски коментатор Златко Калински се збогува од гледачите.

Калински го коментираше синоќешниот дуел од полуфиналето на Лигата на шампионите, меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид. Во миговите кога го одјавуваше мечот, Калински рече дека тоа е негов последен меч, пред заминувањето во пензија. Во негов стил, без да штеди епитети, нагласи дека токму гледачите биле тие кои во изминатите децении го воделе во работата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Во сите овие години вие драги гледачи ме водевте, вие ми бевте ѕвездата која ме водеше да допрам до вашата душа, до вашите срца. Драги гледачи, ви благодарам за поддршката сите овие години. Збогум – рече Златко со својот епски глас на крајот од неговиот последен меч во коментаторската кариера.

Дуелот заврши со 2:1 за Атлетико, но Реал Мадрид, поради подобриот резултат од двата меча, продолжува во финале. На 3 јуни на Милениум стадионот во Кардиф ќе се соочат бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и шампионот на Италија, Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роби МекГаиган е нов европски шампион во снукер, Влатко Јанев донесе победа за Македонија

Викендов, со победата во финалето на С. Ирецот Роби МекГаиган над поранешниот професионале…