Дома Топ вести По традиција: Реал ја купува ѕвездата од Мундијалот

По традиција: Реал ја купува ѕвездата од Мундијалот

Реал Мадрид е силно заинтересирани за ѕвездата на аргентинската репрезентација, Енцо Фернандез.

21-годишниот Аргентинец ова лето пристигна во Бенфика од Ривер Плата, а со одличните настапи веднаш ја покажа својата класа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фернандез важи за еден од најголемите аргентински таленти, а тоа го покажа и на Мундијалот каде одигра одлично и беше прогласен за најдобар млад фудбалер.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал се откажува од Белингам и се насочуваат кон Енцо Фернандез, а „кралевите“ за неговиот потпис се спремни да платат 70 милиони евра.

Со ова само се продолжува традицијата Реал да ги купува најдобрите фудбалери од Светските првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…