Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди често се поврзува во медиумите со заминување од Трабзонспор, но и по завршувањето на преодниот рок тој остана член на Трабзонспор.
Се поврзуваше Барди со екипи од Англија, Шпанија, Германија, САД, ОАЕ…но според неговата последна изјава тој има желба да остане во Трабзонспор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не сакам да заминам, сакам да останам тука. Го сакам Трабзонспор“, изјавил Барди.
Сезонава за турскиот клуб Барди собра 20 натпревари во кои постигна два гола и додаде четири асистенции во најсилното турско првенство.