Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „По првото полувреме бев сигурен во позитивен резултат, грешките во одбраната и измените беа клучни“

„По првото полувреме бев сигурен во позитивен резултат, грешките во одбраната и измените беа клучни“

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Како и што најавивме, Горан Попов е еден од нашите стручни експерти, па по поразот од Австрија ни раскажа како тој го виде натпреварот и според него каде погрешивме.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Попов смета дека во главно Македонија играла добро, а проблем биле грешките кои ги правевме во одбраната и кои Австрија ги искористи.

„Според мене тешко дека можеше да одиграме подобро, но правевме грешки. Нерешено имавме во џеп…Денес е поразлично во однос на времето кога јас играв. Како и што зборував во мои претходни изјави, порано одбраната ни беше на високо ниво, а средниот ред нешто послаб. Денес примивме три евтини голови по наши грешки. Прво Велковски сакаше да се загради и погреши, потоа Бејтулаи испрати лош пас и тоа го искористи Арнаутовиќ. Верувам дека ако не грешевме резултатот ќе беше поинаков, ќе имавме барем реми“:

„После првото полувреме јас бев сигурен дека ќе извлечеме позитивен резултат“.

„Јас секогаш сум реален, па така и сега. Не сум некој голем аналитичар и експерт, но мислам дека ако се повлекуваш, тогаш оставаш простор на противникот да те нападне. Тоа се случи денес, по измените Австрија постигна два гола и го реши натпреварот, според мене на 1:1 не требаше да направиме таква промена и да се повлечеме“.

„Ние против Германија покажавме дека можеме против секого. Но Украинците се силна репрезентација, на кој не треба да им дозволиш да имаат простор во таков случај се опасни. Верувам дека ако се остранат тие ситни грешки кои ги направивме денес, ситни, но за нас се покажаа како големи имаме шанса за позитивен резултат во следните два дуели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…