Мурињо конечно може да водзивне.
Манчестер Јунајтед нема многу време да мисли на поразот од Манчестер Сити во градското дерби и виниманието сега е насочено кон натпреварот кој веќе утре го играат против Бурнемоут.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Жозе Мурињо на денешната конфренција за медиумите потврди дека Фил Џоунс конечно се враќа во тимот и дека Маркус Рохо не е потешко повреден, но дека се ќе биде познато во среда.
Џоунс се враќа во тимот после еден месец, тоа е одлична вест бидејќи Мурињо сега ќе може да ги одмара и ротира централните дефанзивци, бидејќи на располагање ги има уште Смолинг и Линделоф.
Мурињо исто така потврди дека Мауран Фелаини сеуште не е доволно спремен, па се очекува повторно во средниот ред да настапат Матиќ и Ерера.