Во Италија повторно се зборува за скандалот кој неодамна како „бомба“ одекна на Апенините.
Имено, во медиумите се појави вест дека играчот од средината на Интер, Марсело Брозовиќ и сопругата на капитенот на Интер, Мауро Икарди, Ванда имале афера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познато е дека Икарди такво нешто му направи на својот сонародник Макси Лопез кој тогаш беше во врска со Ванда Нара, па поради тоа оваа приказна за госпоѓицата Нара и Брозовиќ беше сфатена и тоа како сериозно.
Сега, Брозовиќ во медиумите негира и тврди дека станува збор за измислени вести. За медиумите во име на Брозовиќ зборуваше адвокатот на Хрватот.
„Марсело ги оспорува и негира овие измислени вести поврзани со сопругата на неговиот соиграч, Ванда Нара кои се појавија неодамна. Никогаш не постоел никаков однос или било што помеѓу Брозовиќ и Нара. Брозовиќ сака да расичсти со ваквите работи и поради тоа ќе започне судска постапка против оние кои во јавноста пласираа вакви невистини“, изјави адвокатот на фудбалерот.