Дома Фудбал По лошите резултати на Реал се огласи и капитенот Рамос

По лошите резултати на Реал се огласи и капитенот Рамос

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос смета дека актуелната сезона е една од најлошите во историјата на „Кралскиот“ тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид ја има една од најдобрите екипи во светот и е двократен шампион на Европа, но во Ла Лига оваа сезона игра очајно и се наоѓа на 4. позиција со дури 19. бода помалку од водечката Барселона.

Рамос смета дека сите во клубот треба да останат позитивни.

„Ова е една од најлошите сезони во историјата на клубот, но мораме да останеме позитивни и да продолжиме да работиме. Мораме да бидеме сплотени за да го спасиме остатокот од сезоната и да направиме добар резултат во Лигата на Шампионите“, изјави Рамос.

„Ситуацијата во соблекувалната не е пријатна, но мораме да гледаме напред. Исто така, мораме да бидеме сплотени и да оствариме што подобар резултат во Лигата на Шампионите. Но, за да играте добро во тоа натпреварување, мораме да играме и добро во првенството“, додаде Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вчера заврши една неверојатна традиција на Германија!

Фудбалската репрезентација на Германија синоќа се збогуваше од Светското првенство откако …