Дома Топ вести По една сезона мината во Милан, Бонучи и дефинитивно се сели на Островот?!

По една сезона мината во Милан, Бонучи и дефинитивно се сели на Островот?!

Италијанскиот стопер е на мета на „Црвените ѓаволи“.

Леонардо Бонучи пред една година во шокантен трансфер го напушти Јувентус и премина во редовите на големиот ривал Милан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, по само една сезона на „Сан Сиро“ на прагот е нов голем трансфер на искусниот стопер. Според пишувањето на Ла Републик Жозе Мурињо сака да го донесе Бонучи во Манчестер Јунајтед, а менаџерот и капитенот на Милан веќе вчера обавиле разговор со челниците на „Црвените ѓаволи“.

Бонучи се поврзуваше со уште неколку европски великани, а се шпекулираше дека би можел да премине во ПСЖ каде повторно би бил заедно со својот некогашн колега, Буфон.

Како што се наведува, Јунајтед е подготвен да издвои 32 милиони евра за услугите на Бонучи. Оваа цифра би значела губиток за Милан во однос на минатогодишниот трансфер, но Росонерите кои се уште се во големи финансиски проблеми, би заштедиле 14 милиони евра по сезона доколку би го продале искусниот стопер со оглед на тоа дека тоа е износот на неговите годишни примања.

За потсетување, Милан е исфрлен од натпреварувањата на УЕФА поради прекршок на финансиските ферплеј правила, а клубот е моментално во хаос, бидејќи сопствникот не ги исплати долговите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…