Eкс-тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер набрзо би можел да се врати на тренерската работа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Норвежанецот добил понуда од турскиот гигант Бешикташ и најверојатно ќе ја прифати. Солскјер е без работа од пред две години кога доби отказ во Манчестер Јунајтед, додека Бешикташ неодамна го отпушти тренерот поради лошите резултати.
Задачата на Солскјер во Бешикташ би била да го врати тимот на победничките патеки и да донесе еден позитивен шок. Неговите претходници Шенол Ѓунеш и Бурак Јилмаз немаа многу успех.
Во овој момент Бешикташ е петти на табелата, но е далеку од битката за титулата бидејќи Фенербахче и Галатасарај имаат по 43 бодови, а тие 26.