Дома Фудбал Италија По два свои и два подарок погодоци, Џеко и Коларов доминираа за нова радост на „Римската Волчица“

По два свои и два подарок погодоци, Џеко и Коларов доминираа за нова радост на „Римската Волчица“

Рома како апсолутен фаворит денес гостуваше кај Беневенто и славеше со убедливи 0:4.

Во првите 20 минути, екипите имаа само по една шанда, Един Џеко на едната и Каталди на другата страна, а потоа Босанскиот интернационалец им донесе предност на гостите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Александар Коларов се проби на левата страна, и му асистираше на Џеко кој немаше проблеми да биде превизен.

До 0:2, Рома пристигна од десната страна, се играше 35. минута, топката беше упатена до Џеко, но Фабио Лусиони ја дофати и ја испрати до својата мрежа.

На почетокот на второто полувреме, Един Џеко постигна гол, преку одмерен удар од 20тина метри со што го реши прашањето за победникот.

Сепак, на крајот во 74. минута беше постигнат уште еден гол во мрежата на Беневенто, а стрлец на голот беше Венути кој несмасно реагираше по центаршутот на Александар Коларов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…