Дома Фудбал Почнува ли бунт на фудбалерите против фудбалот? Не можат повеќе да го издржат притисокот

Почнува ли бунт на фудбалерите против фудбалот? Не можат повеќе да го издржат притисокот

Претседателот на Здружението на професионални фудбалери на Англија и Велс (PFA) за Скај Спорт изјави дека фудбалерите се подготвени да побараат правна заштита поради зголемениот број натпревари.

Махета Моланго изјави дека ФИФА сериозно го ризикува здравјето на фудбалерите со постојано зголемување на бројот на натпревари и додавање нови натпреварувања.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Дојдовме во ситуација кога треба да се заштитиме. Тажно е каков е фудбалот денес, а голем пораз за фудбалот е тоа што фудбалерите треба да се заштитат себеси кога никој друг нема да го направи тоа наместо нив.

На играчите им е јасно дека се многу добро платени, но човечкото тело има свои граници, и тие постојано преминуваат“, изјави Моланго.

ФИФА планира да воведе нов формат на Светското клупско првенство, во кое треба да играат 32 клуба.

На следното репрезентативно Светско првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада ќе има 48 репрезентации и повеќе натпревари, а од следната сезона ќе се зголеми и бројот на натпревари во Лигата на шампионите.

Скај Спорт пишува дека Манчестер Сити потенцијално би можел да одигра 86 натпревари во сезоната 2024/2025, заедно со Светското клупско првенство, што е страшно.

Малонго е и член на претседателството на ФИФПро, светската асоцијација на професионални фудбалери, која исто така се подготвува да преземе правни чекори за заштита на играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сензација на повидок: Погба се враќа во Англија, познат е неговиот следен клуб!?

Францускиот фудбалер Пол Погба е во центарот на вниманието, откако се појави информација д…