Дома Останати Кошарка НБА Почна новата сезона во НБА: Нетси ги разбија Вориорси, пораз за шампионот! 🎥

Почна новата сезона во НБА: Нетси ги разбија Вориорси, пораз за шампионот! 🎥

Новата НБА сезона започна изминатата вечер со натпреварите Бруклин Нетс – Голден Стејт и градското дерби помеѓу Лејкерси и Клиперси.

Нетси дома без поголеми проблеми беа подобри од Вориорси со 125:99. Домаќинот доминираше од првата до последната минута. Дурант и Ирвинг тргнаа силно во натпревар, веднаш беше направена разлика, а играчите од клупата завршуваа одлична работа. Не успеаа Вориорси да направат некое големо враќање и на крајот Нетси стигнаа до триумф на отварањето на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кајри Ирвинг го заврши мечот со 26 поени, Дурант додаде 22, а Карлос Леверт 20 поени. Стеф Кари на другата страна уфрли 20 поени и подели 10 асистенции, Џејмс Вилијамс имаше 19 поени.

Актуелните шампион Лос Анџелес Лејкерси беа поразени од големиот градски ривал Клиперси со резултат 116:109.

Клиперси доминираа во натпреварот. Веќе после првата четвртина направија 20 поени предност (19:39), но Лејкерси успеаа со одлична завршница во првото полувреме да се вратат во мечот и да дојдат на минус два, 54:56.

Успеаа Лејкерси во текот на третата четвртина да изедначат на 75:75. Сепак, Клиперси со одлична завршница овој дел од мечот отидоа на плус 11, до крајот без поголеми проблеми ја одржуваа предноста.

Пол Џорџ блескаше со 33 поени, Каваи Ленард уфрли 26 додека кај Лејкерси Леброн беше најефикасен со 22 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Скандалозно однесување: Кошаркар на Милвоки намерно ја фрли топката во публика 🎥

Екипата на Милвоки ја заврши сезоната во НБА лигата со елиминацијата во плеј-офот од Индиј…