Угандската маратонка Ребеке Чептеги (33) почина како последица од здобиените изгореници кои и ги нанесе нејзиниот партнер, објави претседателот на Олимпискиот одбор на Уганда.
„Бевме информирани за тажна вест за смртта на нашата атлетичарка, Ребеке Чептегеи по насилниот напад од нејзиниот момче, душата нека и почива во мир и го осудуваме секое насилство над жените“, соопшти Доналд Рукара.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Чептегеи беше учесничка и на Олимписките игри во Париз каде што на маратонската трка заврши на 44. позиција. Како што претходно информираа од болницата во Кенија каде што беше сместена нејзиното тело било изгорено дури 80%.