Во германската покраина Баден-Виртемберг изминативе неколку дена имаше обилни врнежи од дожд. Германската метеоролошка служба прогласи четврто ниво на опасност бидејќи покрај дождот областа ја погоди и невреме придружено со град. Можни се одрони, а улиците се поплавени, како и стадионот на калчолигашот Хофенхајм.
На социјалните мрежи е објавено видео од арената Рајн Некар, каде Хофенхајм ги игра натпреварите во Бундеслигата, чиј терен сега не е ни видлив поради огромната количина на вода.
Schwimmverein aus Hoffenheim 💙🤍 pic.twitter.com/QY81kigKcB
— Kraichgau Krieger (@1899_robert) June 27, 2024
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Арената Рајн-Некар е отворена во 2009 година и може да прими повеќе од 30.000 гледачи.
Хофенхајм минатата сезона заврши на седмото место во Бундеслигата. Подготвителните натпревари за новата сезона ќе започнат во средината на јули, додека Бундеслигата започнува на крајот на август.