Дербито помеѓу Порто и Спортинг Лисабон заврши без победник 2-2, но донесе хаос на теренот.
Имаше голема гужва во која учествуваа буквално сите играчи на теренот, а како и секогаш најгруб беше познатиот дефанзивец Пепе, кој беше еден од петте играчи кои добија црвени картони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Угледните португалски медиуми пренесуваат дека Пепе криел куршум во раката во период од неколку минути и тоа било пријавено од делегатот на натпреварот, но и посочено од неколку играчи од Спортинг кои го забележале неверојатниот момент.
Пепе се обидел да сокрие од судијата куршумот кој бил фрлен од трибините на теренот. Го фрлија навивачите на Порто, а прв до него дојде 38-годишниот дефанзивец.
Весникот „Рекорд“ тврди дека овој инцидент, може да го чини искусниот дефанзивец казни од два месеци до двегодишна суспензија.
Este é o momento em que Pepe esconde a bala quando os jogadores do Sporting percebem a gravidade da ocorrência. O Esgaio ainda leva cartão amarelo neste lance. É também neste momento que o árbitro altera o período de compensação pela pressão feita. 30 anos disto. https://t.co/95yGFuFov7 pic.twitter.com/oQKgWZHnmM
— Sporting Tático (@sporting_tatico) February 13, 2022