По извршената операција на лактот Новак Ѓоковиќ го очекува нова долга пауза.
Да потсетиме, Србинот имаше долга пауза, но неговата повреда не беше санирана, па по операцијата во Швајцарија сега го очекува нова долга пауза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во претходното лекување можеби имаше некакви пропусти, но тоа во никој случај не беше намерно. Новак сега се рехабилитира и наскоро ќе започне да тренира. Негово враќање можеме да очекуваме во мај. Веројатно на еден од турнирите на земјна подлога“, изјави неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ.
По ова јасно е дека Ѓоковиќ кој сега се наоѓа на 14 место на АТП листата ќе падне уште подоле.