Дома Останати Кошарка НБА Потврден тешкиот удар за Леброн, Јокиќ солиден, Харден на +60 (ВИДЕО)

Потврден тешкиот удар за Леброн, Јокиќ солиден, Харден на +60 (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Кошаркарите на Денвер Наџентс славеа против Њујорк Никси во „Медисон Сквер Гарден“ со резултат 111:93.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наџентси така врзаа шеста победа во низа, трета на гостувањата и се на чекор од 50-тиот триумф во сезоната. Српскиот центар Никола Јокиќ одигра подобро отколку против Вашингтон па покрај 21 поен имаше 17 скокови и пет асистенции.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси и официјално останаа без плеј-оф после поразот од Бруклин со резултат 111:106, а тоа е посебно тежок удар за Леброн Џејмс кој за прв пат нема да игра во плеј-оф после 14 години.

Последен пат вакво нешто дожива во 2005 година, после познатиот драфт на кој беше пред Дарк Миличиќ. Од 2011 до 2018 Леброн врза дури осум финалиња, а сега ќе мора да оди многу порано на одмор и сигурно ќе му биде тешко да се навикне.

Не помонгна неговиот одличен настап од 25 поени, 14 асистенции девет скокови, Мекги дојде до рекорд на кариерата со 33 поени и 20 скокови. Херис ги предводеше Нетси со 26 поени, Расел уфрли 21, Динвиди 19. Леброн имаше и осум изгубени топки, а успеа да промаши и четири слобдни фрлања во низа во последната четвртина.

Џејмс Харден додаде уште еден во низата неверојатни кошгетерски натпревари. Харден овој пат во победата на Хјустон против Сан Антонио Спарс од 111:105 постигна неверојатни 61 поен.

НБА резултати:

Орландо – Мемфис 123:119

Кливленд – Клиперси 108:110

Никси – Денвер 93:111

Торонто – Оклахома 109:116

Хјустон – Спарси 111:105

Милвоки – Мајами 116:87

Лејкерси – Нетси 106:111

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …