Новак Ѓоковиќ е претставен како 12 носител на турнирот во Мајами
Србинот ќе настапи на мастерс серија во Мајами, објавија организаторите на турнирот. Ѓоковиќ е поставен за 12 носител на турнирот кој ќе се одржува од 21 март до 1 април.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новак после поразот од Јапонецот Тара Даниел во второто коло на Индијан Велс призна дека избрзал со враќањето на терените после операцијата и најави дека во консултација со својот докторски тим ќе донесе одлука дали ќе настапи на Флорида, а според списокот на играчи таа е потврдна.
Mинатата година не учествуваше на турнирот кој го освојуваше шест пати, па има прилика да освои голем број бодови и да го поправи пласманот на АТП листата.
Настапот во Мајми до овој момент освен Ѓоковиќ го потврдија: Роџер Федерер, Марин Чичиќ, Григое Димитров, Александар Зверев, Виктор Троицки…