Дома Фудбал Потврдено: Мусакио е првото засилување за „росонерите“!

Потврдено: Мусакио е првото засилување за „росонерите“!

Иако сезоната во Италија сеуште не е завршена, управата на Милан веќе го договори првото засилување.

„Росонерите“ доведоа големо засилување во одбраната бидејќи од Виљареал пристигна Матео Мусакио. Претседателот на шпанскиот клуб, Фернандо Роинг, потврди дека овој фудбалер утрово пристигнал во Милано на лекарски прегледи.

Како што наведуваат италијанските медиуми, Мусакио со „Росонерите“ ќе потпише договор на четири години, а Милан за овој 26 годишен фудбалер ќе плати 18 милиони евра. Мусакио во новиот клуб ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи силен дома, Рома без пораз во Серија А: Се подготвува голема битка во Неапол

Рома гостува на „Диего Армандо Марадона“ со само еден пораз во првите десет натпревари сез…