Дома Фудбал Италија Потврдено: Милан сам ќе гради нов стадион

Потврдено: Милан сам ќе гради нов стадион

Актуелниот италијански шампион Милан одлучи сам да започне проект за изградба на нов стадион, потврди градоначалникот на Милано.

Милан и Интер имаа заеднички проект за изградба на нов стадион на местото каде што е „Сан Сиро“, но не можеа да најдат заеднички јазик со градските власти.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Милан сака што побрзо да изгради нов стадион, новиот сопственик Кардинале веќе ја има обезбедени финансиската структура, па поради тоа одлучија да сами да градат стадион.

Актуелниот шампио на Италија, како што пренесува „Газета дело Спорт“ сам влегол во оваа авантура, без градскиот ривал.

„Росонерите“ нашле локација во областа „Ла Маура“ недалеку од Сан Сиро и веќе го презентирале проектот пред градските власти.

Новите сопственици сакаат што побрзо да се почне со изградба на стадионот, кој ќе биде модерен и со капацитет од 70.000 седишта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…