Дома Фудбал Останато Потврдено: „Л’Eкип“ ги објави тројцата кандидати за „Златната топка“! (ВИДЕО)

Потврдено: „Л’Eкип“ ги објави тројцата кандидати за „Златната топка“! (ВИДЕО)

Веќе подлго време се во тек гласините за „Златната топка“ и истите сигурно ќе ги има се до 3-ти декември кога ќе биде доделена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите во Франција неодамна шпекулираа околу тројцата последни кандидати и помеѓу нив го немаше Кристиано Роналдо, а сега ваквите најави се потврдени.

Сега „Л’Eкип“ објави видео со кое откри дека „Златната топка“ ќе заврши во рацете на еден од Лука Модриќ, Килијан Мбапе и Рафаел Варан.

Со ова надвор од конкуренција испаднаа Антоан Гризман и Кристиано Роналдо.

Споменатите тројца ќе водат голема борба. Модриќ триумфираше во Лигата на шампионите и играше во финалето на Мундијалот во Русија каде што беше прогласен за најдобар играч. Варан има титула во ЛШ и титула на Светското првенство, додека Мбапе може да се пофали со светска титула и трофеј со ПСЖ во Лига 1.

Едно е сигурно – победникот ќе ја прекине доминацијата на Меси и Роналдо која траеше 10 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Депај го чекаат најлудите преговори во животот

Холанѓанецот сака да ја продолжи соработката со Коринтијанс, но неговите претставници пост…