Како што пренесуваат англиските медиуми, на Јирген Клоп веќе му било сооштено што би можел да направи во случај на победа на Ливерпул денес против отпишаниот Миделзброу.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ако Ливерпул денес победи, сигурно ќе заврши четврти и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Враќањето во европската елита ќе значи и најскап преоден рок во историјата на овој клуб.
Имено, потврдено е дека Јирген Клоп ќе добие огромна сума на пари, во прашање се 120 милиони евра, плус пари кои клубот ќе ги инкасира со продажбата на Даниел Стариџ и Мамду Сако. Јасно е дека Германецот на располагање ќе има голема сума, а она што е сигурно е дека секоја понуда за Кутињо ќе биде одбиена.
Германецот ќе мора да најде голман, потоа штопер, како и нов напаѓач.
Многу имиња се во игра, првата желба е Ван Дајк, но него го сакаат неколку големи европски клубови. Напаѓачот на Лајпцинг, одличниот Тимо Вернер би требало да пристигне на „Енфилд“, како и младата ѕвезда на Фулам Рајан Сесењон.
Но, тоа е само почеток, иако некои мети како М’Бапе или Бакајоко од Монако не се реални.