Дома Фудбал Германија Потврдени лошите вести за Баерн, против ПСЖ без Левандовски

Потврдени лошите вести за Баерн, против ПСЖ без Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски поради повреда ќе паузира околу четири недели.

Левандовски го истегна лигаментот на десното колено и поради тоа ќе мора да паузира. Повредата ја заработи во натпреварот против Андора. По тој дуел полскиот голгетер веднаш се врати во Минхен каде што беше прегледан од докторскиот тим на Баерн.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Деталните прегледи беа направени денес и по истите се потврди дека ќе мора да пропушти неколку натпревари во германското првенство. Со ова се намалени шансите да го сруши рекордот по бројот на голови во една сезона во Бундеслигата кој го држи Герд Милер.

Левандовски нема да му биде на располагање на Баерн за натпреварот против Лајпци во Германија како и во четвртфиналните дуели во ЛШ против ПСЖ. Очекувањата се да се врати за првиот натпревар во полуфиналето, секако ако Баерн го помине ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…