Дома Топ вести Потврда од Бразил: Пакета ги поминал лекарските прегледи –доаѓа во Милан!

Потврда од Бразил: Пакета ги поминал лекарските прегледи –доаѓа во Милан!

Утрово бразиските и италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и пренесоа дека Милан го договорил трансферот со големата бразилска ѕвезда Лукас Пакета од Фламенго.

Станува збор за фудбалер кој важи за еден од најголемите таленти во овој момент во бразилскиот фудбал, а Милан успеа да ја победи конкуренцијата од ПСЖ и Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега бразилските медиуми пренесуваат дека Фламенго потврдил дека е постигнат договор и дека Пакета ќе се пресели на „Сан Сиро“ за сума од 35 милиони евра.

Притоа, фудбалерот денес ги поминал лекарските прегледи во Рио де Женеиро, заедно со претставници на италијанскиот клуб.

21-годишниот бразилски репрезентативец ќе му се приклучи на „росонерите“ во јануари, кога ќе биде отворен зимскиот трансфер период.

https://youtu.be/89N9iRn5EMg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…