Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Јуриќ откако му помогна на Јувентус се сели во Торино!

Постигнат договор: Јуриќ откако му помогна на Јувентус се сели во Торино!

Иван Јуриќ одигра одлична сезона во Серија А со својата Верона, а хрватскиот стратег посебно е во центарот на вниманието откако вчера со својот тим одигра 1:1 против Наполи и така го испрати Јувентус во Лигата на шампионите.

„Тутоспорт“ весникот со седиште во Торино сега ексклузивно пишува дека Јуриќ после бројни телефонски разговори се договорил наредната сезона да работи во овој град, како тренер на Торино.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последниот состанок наводно бил одржан еден ден пред гостувањето на Верона кај Наполи. На тој состанок присуствувале агентот на Јуриќ и луѓе од раководството на Торино. Главната работа која се договорала на тој состанок биле парите. На крајот Торино на Јуриќ му понудил сума од два милиони евра годишно и таа понуда била прифатена. Сега преостанува раскинување на договорот со Верона затоа што со овој клуб има важечки договор до 2023.

Јуриќ во Италија е познат како тренер кој одлично работи со малите клубови, со Верона оваа сезона заврши на 10. позиција што за овој клуб секако е одличен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…