Дома Фудбал Англија Постигнат договор: Рашфорд станува најплатен фудбалер на Јунајтед

Постигнат договор: Рашфорд станува најплатен фудбалер на Јунајтед

Maркус Рашфорд ќе потпише нов петгодишен договор со Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

Веќе подлог период Рашфорд е во преговори со клубот, а претходниот договор му истекуваше во 2024 година.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Рашфорд имаше примамливи финаниски понуди од други клубови, меѓутоа на крајот се одлучи да остане на „Олд Трафорд“.

Во минатата сезона Рашфорд беше најдобар стрелец на тимот со 30 голови во сите натпреварувања. Со новиот договор Рашфорд ќе стане најплатен фудбалер на Јунајтед, со неделна плата од околу 375.000 фунти неделна плата или 18 милиони фунти по сезона, надминувајќи ги Касемиро и Санчо, но и Де Хеа, кој си замина.

Кога е Премиер лигата во прашање тој ќе биде на четвртото место зад Кевин де Брујн, Мохамед Салах и Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…