Во претходните неколку месеци во Барселона главна тема беше договорот на Жорди Алба кој имаше важност до летото 2020 година.
Барселона многу чудно се однесуваше во ситуацијата со еден од своите најважни фудбалери бидејќи одбиваа да отворат преговори околу новиот договор. Меѓутоа кога гласините дека Алба може да замине стануваа посилни на „Ноу Камп“ го сменија мислењето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алба неколку пати изјавуваше дека единствена желба му е да остане во Барселона. Во медиумите се пишуваше дека единствен проблем е што не прифаќал плата помала од Кутињо или Дембеле. Во клубот изгледа конечно попуштиле и денес е објавено дека Алба останува.
„Мундо Депортиво“ објави дека Барселона и Жорди Алба ги договориле условите за новиот договор и дека фудбалерот ќе стави потпис на договор до летото 2024 година. Откупната клазула во договорот на овој лев бек ќе биде огромни 500 милиони евра.
Само неколку минути подоцна откако се појави оваа вест се огласија и од Барселона и потврдија дека Алба во наредните денови и официјално ќе потпише нов договор.
[ ❗ LATEST NEWS]@JordiAlba renews his contract with FC Barcelona until 2024!
Find out all the details ? https://t.co/LgaYqyQRpU
?? #ForçaBarça pic.twitter.com/1ouhOBXAax— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 28, 2019
Со ваквата објава се става крај на шпекулациите за негово заминување. Ќе потсетиме Алба претходно најмногу се поврзуваше со трансфер во Премиер лигата во редовите на Манчестер Јунајтед, меѓутоа сега е јасно дека такво нешто нема да се случи.