Дома Топ вести Постигнат договор: Мертенс се сели во Милано

Постигнат договор: Мертенс се сели во Милано

Фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс после седум години ќе го напушти италијанскиот клуб.

Мертенс во Наполи пристигна од ПСВ и за седум години одигра повеќе од 300 натпревари, но ерата во овој клуб полека доаѓа кон крајот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите преговори околу продолжување на договорот паднаа во вода и Мертенс како слободен играч ќе го напушти клубот, а според последните информации ќе остане во Серија А.

За Мертенс интерес покажаа неколку европски клубови, но медиумите тврдат дека Интер веќе ја добил битката за неговиот потпис и постигнал договор со Белгиецот тежок 5 милиони евра по сезона.

Мертенес сака да остане во Италија и медиумите најавија дека наскоро треба да има официјална потврда. Па така Конте ќе формира одличен белгиски тандем Лукаку – Мертенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…