Дома Фудбал Репрезентации Постигнат договор: Италија во недела го претставува новиот селектор

Постигнат договор: Италија во недела го претставува новиот селектор

Како што пишува реномираниот италијански медиум, „Газета дело Спорт“ во недела ќе биде претставен новиот италијански селектор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите на „Газета“ на селекторското столче на Италија ќе седне досегашниот стратег на Зенит, Роберто Манчини кој ќе потпише договор на две години со плата од два милиони евра.

Во текот на 17 години колку што Манчини работи како тренер освои неколку големи титули со различни клубови. На Манчестер Сити во 2012 година му ја донесе првата шампионска титула во Премиер лигата  после пауза од 44 години, со Интер беше шампион на Италија и освои неколку италијански купови со Фиорентина и Лацио.

„Газета“ дадава дека Манчини во репрезентацијата сака да го врати Марио Балотели (Ница) прв пат после Светското првенство во 2014 година.

Да потсетиме, Манчини беше втора опција, откако сојузот прво доби „корпа“ од Карло Анчелоти. Италија е без селектор од моментот кога Вентура доби отказ откако не успеа да се избори за пласман на Мундијалот во Русија. Селекторската должност привремено ја извршуваше Луиџи Ди Биаџо, селекторот на младата италијанска репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Македонски фудбалер доби овации од публиката на „Кошево“ (Видео)

Македонија вечерва игра пријателски дуел против Босна и Херцеговина, а еден наш репрезента…