Дома Топ вести Постигнат договор: Жиру во понеделник во Милано

Постигнат договор: Жиру во понеделник во Милано

Милан веднаш започна активно на трансфер пазарот и го договори првиот трансфер, голманот Мајк Мањан од Лил.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ постигнале комплетен договор со Оливие Жиру, кој ќе пристигне како слободен играч.

Французинот ќе потпише 2-годишен договор со Милан и годишно ќе заработува 3,5 милиони евра.

Веднаш после финалето во Лигата на шампиони Жиру ќе пристигне на прегледи во Милано и се очекува до понеделник да го комплетира трансферот.

Жиру треба да биде замена за Манџукиќ и алтернатива на Ибрахимовиќ во нападот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…