Дома Фудбал Англија Постигнат договор! – Во Евертон пристигнува „специјалистот за опстанок“ и ќе добива поголема плата од Зидан

Постигнат договор! – Во Евертон пристигнува „специјалистот за опстанок“ и ќе добива поголема плата од Зидан

everton

Готово! Договорот е постигнат.

Реномираниот англиски медиум, „Гардијан“ пренесува дека Сем Алардајс наскоро ќе биде претставен како нов менаџер на Евертон.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Искусниот тренер се согласил да се врати од пензија и ја прифатил понудата на „карамелите“ за договор на  18 месеци вреден девет милиони фунти. Тоа значи дека примањата ќе му бидат поголеми од оние на Зинедин Зидан во Реал Мадрид кој заработува 4.5 милиони фунти годишно.

Иако пред стартот на сезоната овој клуб имаше поголеми амбиции по лошиот старт главна задача на Алардајс ќе биде да го задржи Евертон во елитата.

Тоа за овој англиски стручњак не е ништо ново, во ваква ситуацијата во својата кариера бил безброј пати. Последниот ваков случај го реши успешно кога минатата сезона го водеше Кристал Палас и покажа дека е „специјалист за опстанок“.

Да потсетиме, откако Роналд Куман беше отпуштен Евертон е предводен од Дејвид Ансворт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…