Дома Останати После 14 години Мајк Тајсон повторно во ринг и тоа против Ленокс Луис

После 14 години Мајк Тајсон повторно во ринг и тоа против Ленокс Луис

Некогашниот шампион во тешка категорија, Ленокс Луис е спремен да му даде шанса за реванш на Мајк Тајсон цели 17 години откако го нокаутираше во нивната последна борба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа би бил „спектакл на пензионери“, каде силите ќе ги одмерат поранешни шампиони во тешка категорија, прв пат после 2002 година.

Ленокс Луис во негов стил најави пресметка со легендарниот Мајк Тајсон, под услов ако добие 100 милиони долари.

„Знате што, би ја соблекол пижамата и би влегол во ринг за 100 милиони долари“, изјави 53-годишниот Луис.

Луис го совлада Тајсон со технички нокаут во Мемфис во 2002 година, во осмата рунда. Потоа го совлада и Витали Кличко во 2003 година, по што стави крај на својата кариера.

„Железниот Мајк“ кариерата ја заврши две години подоцна во 2005. Дали Тајсон ќе одговори на ова барање од Луис, останува да се види.

Иако ова за сега се само шпекулации, историјата не учи дека во светот на боксот се е можно, но дефинитивно би било уживање уште еднаш в рингот да се гледаат две боксерски легенди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…