Дома Фудбал Германија После претседателот и Хамес го нападна Ковач: Ова не е Ајнтрахт!

После претседателот и Хамес го нападна Ковач: Ова не е Ајнтрахт!

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач три голем притисок во соблекувалната бидејќи голем број на ѕвезди, а пред сите Хамес Родригез јавно го крена гласот против начинот на кој го води тимот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баерн се наоѓа во мала криза, нема победа на три последователни натпревари, а германските медиуми пишуваат за незадоволството во соблекувалната.

Најпрво претседателот Ули Хенес јавно го критикуваше Нико Ковач, а сега „Билд“ ги откри и зборовите на Хамес Родригез.

Колумбиецот е разочаран што често останува на клупата за резерви, па во соблекувалната јасно го изразил своето незадоволство од тренерот со зборовите: „Ова не е Ајнтрахт Франкфурт“.

Незадоволството во тимот е проследено со лоши резултати на теренот, па очигледно Хрватот мора што поскоро да менува нешто, бидејќи медиумите тврдат дека му се заканува отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите ф…